Најбогатиот Романец осуден на 2,5 години затвор за незаконско финансирање на предизборна кампања

Од:

Најбогатиот човек во Романија, Јоан Никулае, е осуден на 2,5 години затвор во аферата за незаконско финансирање на претседателската предизборна кампања од 2009 година, пренесоа француските медиуми.

Апелацискиот суд во Букурешт за истото кривично дело осуди и поранешен висок претставник на владејачката Социјалдемократска партија и уште двајца бизнисмени, информираа романските агенции.

Во првата судска инстанца Никулае беше ослободен од вина, но веќе нема можност за обжалување и сегашната одлука на судот е конечна.

Според обвинението поранешниот шеф на Социјалдемократската партија во источниот романски град Браила, Георге Бунеа Станку, го искористил своето политичко влијание за од Николае да добие милион евра за незаконско финансирање на предизборната кампања на кандидатот на социјалдемократите за романски претседател во 2009 година, Мирчеа Ѓоана.

Парите требало индиректно да се префрлат преку исплаќања на фирмите учеснички во кампањата. На крајот Николае платил вкупно 150.000 евра. Неговото богатство се проценува на една милијарда евра.

Сопственикот на прехранбената компанија „Интерагро“ во замена побарал во Министерството за економија да се назначат луѓе кои би му помогнале на неговиот бизнис во случај на победа на Ѓоана. Изборите, меѓутоа, ги освои Трајан Басеску.

Никулае (60) е вмешан и во скандалот со испораките на државен природен гас на приватни фирми по цени пониски од пазарните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он