Најавена средба на Земан со лидерот на чешката опозиција

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан се согласи да се сретне со лидерот на опозициската коалиција „Заедно“ Петр Фијала, на негово барање. Ова, преку Твитер го соопшти портпаолот на Заман, појаснувајќи дека терминот на средбата ќе биде соопштен подоцна.

Земан пред четири дена беше итно хоспитализиран и сместен на Одделот за интензивна нега, еден ден откако коалицијата Заедно со уште една коалициска група на изборите ја поразија владејачката АНО на премиерот Андреј Бабиш и неговите сојузници.

Засега не е познато кому Земан ќе го довери мандатот за состав на нова влада – на партијата која сама освои најмногу гласови, во случајов АНО на Бабиш, или на коалицијата, која има мнозинство пратеници во парламентот. Јавноста во Чешка се почесто и се погласно прашува дали претседателот е воопшто способен да ја извршува функцијата.

Познато е дек тој боледува од дијабетис и полинеуропатија во нозете, поради што од април се движи со инвалидска количка. Но точната дијагноза не е соопштена, туку се знае само дека тој е во болница во врска со неговата хронична болест.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница