На салонот за автомобили во Детроит BMW планира да претстави концепт на купе, моделот Х4 којшто на пазарот ќе им конкурира на Range Rover Evoque и на Porsche Macan.
Планот за еден ваков модел којшто ќе биде сместен меѓу Х3 и Х5 датира од 2007 година, а во 2010 година е дадено зелено светло за развој на кросоверот со каросерија во облик на купе каква што има Х6.
BMW X4 ќе има накосена пета врата и четири места за седење со одвоени задни седишта. Должината не би надминувала 4,65 метри, а ќе биде поставен на основата на актуелниот Х3.
Под хауба ќе работат мотори од 2.0 и 3.0 литри, подеднакво и бензинци и дизели со моќност меѓу 143 и 313 КС, кои ќе бидат спарени со рачен шест степен менувач или со автоматикот на ZF со осум степени на пренос.
Секако подоцна се очекува и М верзија кој ќе го носи моторот од новиот М3. Проектот во целост ќе биде реализиран во текот на следната година, а производството би стартувало во 2014 година.