Најава за нови забрани за употреба на пластика во ЕУ

Од:

Одборот за заштита на животната средина на Европскиот Парламент ја прошири листата на забранети производи од пластика за еднократна употреба.

Во предлогот на ЕК се бараше забрана на девет пластични производи за еднократна употреба во 2021 година, членовите на Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храната, ја проширија листата.

Според предлогот на ЕК, на листата на забранети производи треба да се најдат пласти чинии, вилушки, ножеви, лажици, цевки, стапчиња за општа употреба, чепкалки за уши, украси за пијалаци и стапчиња за балони.

Европските пратеници во Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храната на 10 октомври ја проширија листата со танки пластични кеси, производи кои содржат биоразградлива пластика и амбалажи за брза храна.

Извештајот, поднесен од белгискиот пратеник Фредерик Рис (АЛДЕ), исто така се залага за намалување на амбалажата за еднократна употреба за хамбургери, сендвичи, овошје и зеленчук, десерти и сладолед до 2025 година.

Исто така се бара пластичните шишиња да бидат посебно собирани и 90 отсто од нив да се рециклираат до 2025 година.

Одборот бара и за 50 проценти да се намали пластиката во филтерите за цигари до 2025 година, а 80 отсто до 2030 година. Трошоците за собирање, транспорт и уништување на отпушоците да ги покрие тутунската индустрија.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он