Награда од 17 милиони долари за информации за истрагата за несреќата на малезискиот авион во Украина

Од:

Германската детективска агенција „Вифка“ е подготвена да плати 17 милиони долари за податоци, што покажуваат мешање во истрагата на несреќата на малезискиот авион Боинг-777 во Украина, изјави Јозеф Реш, приватен детектив од компанијата, во интервју за германското издание „Капитал“.

„Вифка“ го разгледува инцидентот за свој клиент, чие име не се открива. – Клиентот преку посредник понуди повисока награда, изјави Реш.

Како и досега 30 милиони долари ќе бидат платени за информација за тоа кој стои зад несреќата и уште 17 милиони долари за доказ како во многу земји се прават обиди истрагата да биде пратена во погрешна линија или да се попречи.

– Бараме втор Едвард Сноуден, истакна детективот додавајќи дека сумата 17 милиони долари, одговара со бројот на летот на „Малезија ерлајнс“ МХ-17.

Денеска истрагата е во фаза на преговори по недели на воспоставување контакти, главно преку посредници. Треба да бидеме многу претпазливи, нагласи Реш.

Според него приватните истражители веќе добиле над илјада пораки, десетици писма, стотици телефонски повици, но 99 проценти од тие податоци веднаш отпаѓаат и остануваат само петмина „интересни“ извори на информации.

Постои и силен прилив на добро смислени лажни сведочења, според едни виновни за падот се Украинците, според други Русите, а според трети сепаратистите. – Постои интерес наместо вистината да ни бидат продадени лажни информации, истакна Реш, додавајќи дека самиот тој се уште не го познава клиентот.

„Вифка“ во септември понуди 30 милиони долари за податоци, што ќе помогнат за истрагата. Наградата се наоѓа во банка во Цирих.

Авионот на летот МХ-17 од Амстердам за Куала Лумпур беше соборен над Источна Украина, најверојатно од ракета истрелана од зоната на судири меѓу сепаратистите и Киев. Боингот-777 се урна на 17 јули со 298 лица во него.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он