Наџиб Разак: Севернокорејскиот амбасадор има 48 часа да ја напушти Малезија

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак го осуди денеска Пјонгјанг поради навредливите коментари на севернокорејскиот амбасадор Канг Чол во врска со истрагата за убиството на полубратот на лидерот на Северна Кореја.

Пјонгјанг одби да го идентификува убиениот како Ким Џонг Нам, а амбасадорот Чол ги обвини властите во Малезија дека соработуваат со странски сили во истрагата и не може да му се верува на резултатот.

Поради тоа на амбасадорот му е наредено за 48 часа, кои истекуваат денеска попладне, да ја напушти земјата, бидејќи, како што изјави премиерот Разак, бил „дипломатски невоспитан“.

Доколку налогот за убиство на Ким Џонг Нам стигнал од Пјонгјанг, како што сметаат разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја, тогаш Северна Кореја би можела да остане без поддршка од една од ретките пријателски држави.

Гневот на властите во Малезија го зголеми фактот што е користен боен отров VX, многу јак гас кој се наоѓа на листата на оружја за масовно уништување на ОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“