Надреални сцени во Белата куќа: Пастори од САД положија раце врз Трамп и се молеа за американските војници

Од:

Група американски пастори се молеа за претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Овалната соба на Белата куќа, според видеа објавени во четврток.

Видеото го прикажува Трамп како седи на Бирото со затворени очи, додека група евангелистички пастори стојат до него. Некои од нив ги положија рацете врз претседателот за време на молитвата.

Молитвата ја водеше евангелистичкиот пастор и телевизиски евангелист Грег Лори, кој за време на своето обраќање побара Божји благослов, мудрост и заштита за американскиот претседател, но и за припадниците на американските вооружени сили.

„Ни е чест што сме тука денес за да го поддржиме нашиот претседател. Се молиме за вашата континуирана благодат и благослов врз него, за мудрост од небото да го исполни неговото срце и ум. Ве молиме да го водите низ тешките времиња со кои се соочуваме денес“, рече Лори за време на молитвата.

Тој додаде дека се моли за заштита на американските војници и сите мажи и жени кои служат во вооружените сили, како и за силата што му е потребна на претседателот за да ја води земјата.

Видео од средбата беше објавено на социјалните мрежи од страна на асистентката за комуникации на Трамп, Марго Мартин, во кое се наведува дека претседателот бил домаќин на пастори „од целата земја“ во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ