Надбискупот од Кантербери ги осуди британските политичари за кампањата против имиграцијата

Од:

Англиканскиот надбискуп од Кантербери, Џастин Велби ги осуди британските политичари за нивната зачестена кампања против имиграцијата и за прикажување на имигрантите како виновници за сите состојби и проблеми во земјата.

Во една од ретките изјави на актуелни политички теми, тој рече дека не споменува ниту еден политичар посебно и неговата порака не се однесува специјално на некого, туку дека само му пречи јазикот што се употребува.

Според Велби, имиграцијата не треба да се третира како некаква страшна закана која ќе ја проголта земјата, затоа што таа секогаш успешно се справувала со многу бранови од имигранти и бегалци.

Англиканскиот надбискуп откри дека свештенстово на Црквата е „длабоко вознемирено“ од повремените изливи на расизам, антисемитизам, антимуслиманство или на ксенофобија и кампања против имигрантите.

– Состојбите не се загижувачки, но направените коментари ги примаат помладите генерации и тие предизвикуваат некои луѓе да се чувствуваат навистина непријатно и исплашено, рече Велби.

Осудата на надбискупот доаѓа по контроверзниот коментар на британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, за тоа дека одделни делови од Англија се „веќе збришани“ и дека се наоѓаат „под опсада“ од напливот на странски имигранти.

Даунинг стрит 10 веднаш се огради од ваквиот коментар на владиниот министер, еден од најострите евроскептици меѓу ториевците, а самиот Фалон призна дека бил „малку невнимателен“ при користењето на зборовите во опишувањето на состојбите со имиграцијата во Велика Британија.

Кампањата против имигрантите и распалената антиевропска кампања ја отворија конзервативците во коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон. Таквата кампања се повеќе ја засилуваат пред растечката популарност и зголемената подршка меѓу гласачите на антиевропската Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП), која бара напуштање на ЕУ и која води силна антиимигрантска кампања.

Премиерот Камерон отвори „фронт“ со Брисел, барајќи нови преговори за идниот статус на Велика Британија во Унијата, како и ограничување на слободното движење на работната сила низ земјите на ЕУ, што е еден од нејзините основни принципи.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство