Вршителот на должноста комесарка за човекови права на Обединетите нации, Нада ал Нашиф, денеска изјави дека Русија ги заплашувала своите граѓани, противници на војната во Украина.
-Заплашувањето, рестриктивните мерки, казните против граѓаните на Руската Федерација кои се противат на војната во Украина, ги поткопуваат основните човекови слободи гарантирани со уставот, вклучувајќи го и правото на слободно собирање, изразување мислење и здружување, кажа Ал Нашиф на отворањето на Советот за човекови права на ОН во Женева , пренесоа британските медиуми.
Таа, исто така, кажа и дека Москва го прекршила пристапот до информации, со континуираниот притисок врз новинарите, блокирањето на Интернет и примената на други видови цензура.
Извор: МИА