Бројот на невработени во Чешка во ноември се зголемил за 11.736 нови регистрирани лица и изнесува 508.498, јави дописникот на МИА од Прага.
Според податоците од Чешкиот завод за статистика, невработеноста во ноември достигнала 8,7 проценти и во споредба со претходниот месец бележи зголемување за 0,2 проценти, односно половина процент на годишно ниво.
Според Агенциите за вработување, за 38.806 слободни работни места, колку што се објавени до крајот на ноември, во просек се заинтересирани 13,1 лице.