Над пет милиони Сиријци останаа без покрив над главата по земјотресот

Од:

Повеќе од пет милиони луѓе во Сирија можеби останале без покрив над главата по земјотресот што во понеделникот ја погоди земјата и соседна Турција, соопшти во петокот Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци.

„УНХЦР е фокусиран на обезбедување засолништа и средства за помош, така што колективните центри за раселените луѓе имаат соодветна опрема, шатори, столици, топли ќебиња, душеци за спиење, зимска облека и други“, рече Сиванка Данапала, претставник на УНХЦР во Сирија.

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци објави дека Сирија веќе има 6,8 милиони внатрешно раселени лица од почетокот на граѓанската војна што ја зафати земјата во 2011 година.

„Сето ова, се разбира, влијае на пристапот до помош. Патиштата се оштетени и тоа не попречува во обидот да дојдеме до луѓето. Беше многу, многу тешко“, додаде таа.

Врз основа на прелиминарната проценка, организацијата за бегалци соопшти дека „5,37 милиони луѓе погодени од земјотресот ќе бараат помош во засолништа низ Сирија“.

„Тоа е огромен број, особено за населението кое веќе е погодено од масовно раселување“, истакна Данапала.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка