Над 80 лица загинаа во вчерашниот земјотрес во Непал

Од:

Бројот на жртвите во вчерашниот силен земјотрес во Непал веќе достигна над 80, а повредени се повеќе од 2.000 луѓе, соопштија непалските власти.

Во потресот, со интензитет од 7,4 степени, загинаа 65 лица во Непал и 17 во соседна Индија, повеќето во државата Бихар, која граничи со Непал.

Најзагрозени области се Долаха и Синдупалчоу, кои се наоѓаат североисточно од главниот град Катманду. Во Синдупалчоу голем број населени места беа разурнати до темел уште од претходниот катастрофален земјотрес на 25 април.

Многу луѓе ја поминаа ноќта под отворено небо, стравувајќи од нови потреси.

Вчерашниот земјотрес предизвикал лизгање на земјиштето во шест области, поради што се очекува билансот на жртвите да биде поголем.

Во последното деноноќие во Непал се регистрирани уште 29 вторични потреси, кои не биле толку силни, тврдат индиски сеизмолози.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on