Над 700 илјади заразени со коронавирус во Шпанија

Од:

Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Шпанија од почетокот на пандемијата надмина 700.000, а властите предупредуваат на „тешки недели“ во Мадрид, густо населено жариште, каде повеќе од една третина од сите пациенти се хоспитализирани во болниците.

Бројот на потврдени случаи се зголеми откако националниот карантин беше укинат кон крајот на јуни. За помалку од еден месец, пријавени се 200.000 нови случаи, со што бројот се искачи на 704.000 од почетокот на пандемијата, најмногу во Западна Европа.

Вкупниот број на смртни случаи вчера се зголеми за 84 на 31.000 од почетокот на пандемијата. Дневниот биланс на жртви сега е на највисоко ниво од почетокот на мај, но под рекордните нивоа во март кога имаше речиси 900 смртни случаи на ден.

Властите во Мадрид, каде има најмногу хоспитализации, воведоа делумен карантин во населбите со голем број заразени, а нови мерки може да бидат донесени денеска, објавија локалните власти.
Оваа недела околу 500 луѓе беа хоспитализирани во главниот град на Шпанија.

– На Мадрид му претстојат тешки недели. Ние мора да дејствуваме одлучно за да ја ставиме пандемијата под контрола, рече министерот за здравство Салвадор Илја пред состанокот со регионалните претставници

Тој вели дека вториот бран на епидемијата е помалку интензивен и побавен од првиот и дека бројките се големи, најмногу поради масовно тестирање, што сега им овозможува на властите да откријат шест или седум случаи од десет. Пред неколку месеци, властите го откриваа секој 10-ти случај.

Министерката за образование Изабел Села вчера оцени дека отворањето на училиштата не доведе до значително зголемување на новозаразените и дека само 0,73 проценти од одделенијата се во карантин.

Вчера Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека седум земји од Европската унија – Шпанија, Романија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Чешка и Малта предизвикуваат „голема загриженост“поради зголемувањето на смртноста од Ковид-19.

Во најновиот извештај на Агенцијата на ЕУ, со седиште во Стокхолм, се наведува дека овие земји „го зголемија процентот на хоспитализирани и тешки случаи“ и „веќе доживуваат растечка или висока стапка на смртност“ поради ширењето на коронавирусот кај постарите луѓе.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата