Над 54 илјади лица евакуирани од Фукушима уште четири години нема да можат да се вратат во своите домови

Од:

Повеќе од 54 илјади лица, кои се евакуирани од префектурата Фукушима, која на 11 март 2011 година беше погодена од разорен земјотрес и цунами, кои потоа предизвикаа хаварија во нуклеарната централа „Фукушима 1“, нема да можат да се вратат во своие домови уште најмалку четири години, пишува денеска јапонскиот весним „Асахи“.

Согласно оценките за состојбата на териториите, кои се во околината на нуклеарната централа, јапонската Влада е подготвена за неколку години да го укине указот за евакуација на жителите на повеќе области, вклучувајќи ги и тие кои се во 20-километарската зона околу нуклеарката.

Но голем дел од евакуираните, над 54 илјади лица нема да можат да се вратат во своите родни места најмалку во следните четири години, според податоците на јапонското Министерство за обновување.

Две години по хаваријата во „Фукушима – 1“ нивото на радијација во голем дел од префектурата значително е намалено, но голем број територии и натаму се мошне загадени со радиактивни супстанци. Експертите сметаат дека некои области во префектурата ќе бидат погодни за живеење на луѓето најмалку по 20 години.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила