Над 500 лица прогласени за исчезнати во поплавите во Колорадо

Од:

Над 500 лица се прогласени за исчезнати во американската држава Колорадо, каде поплавите предизвикани од поројните дождови, однесоа најмалку пет жртви.

Последната регистрирана жртва е жена, однесена од течението на реката во градот Боулдер, соопштија локалните власти. Во четвртокот во градот беа откриени тела на тројца загинати, а во петокот – на четвртото загинато лице.

Во државата Колорадо е прогласена вонредна состојба, а метеоролошките служби прогнозираат дека дождовите ќе продолжат и во наредните неколку денови, што го отежнува пристапот на спасувачките служби до најизолораните реони.

Службите за цивилна заштита располагаат со поддршка на спасувачките екипи од доброволци и воздушен транспорт.

Снимките направени од хеликоптер, покажуваат дека градовите Џејмстаун, Лајонс и Лонгмонт се претвориле во острови. Многу села во планинските реони на запад се целосно изолирани и без вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации