Над 400 луѓе се исчезнати по бродската несреќа во Кина

Од:

Кинеските спасувачки служби во отежнати времески услови трагаат по повеќе од 400 возрасни кинески туристи, кои исчезнаа по бродската несреќа во реката Јангце, јавува БТА.

Нукрачите и другите спасувачи при пороен дожд и силниот ветер се обидуваат да стигнат до пет лица кои се наоѓаат во превртениот брод. Досега се спасени околу 15 луѓе и извлечени се пет тела. Судбината на повеќе од 430 луѓе е непозната.

Туристички брод во кој се наоѓале 458 патници и членови на екипажот синоќа потона во реката Јангце во јужиот дел на Кина. На местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.

Според кинеските власти, сите лица присутни на бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“), односно 406-те патници, 47-те членови на екипажот и петмината претставници на туристичката агенција организатор на патувањето, се државјани на Кина.

Бродот пловел од градот Нанџинг кон Чонгчинг, место во југозападниот дел на Кина.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски