Над 400 камиони влегле во Газа, нема случаи Хамас да спречил или конфискувал помош

Од:

Според хуманитарните организации, во четири недели од почетокот на војната меѓу Израел и Газа, 421 камион пристигнале во изолираното крајбрежно подрачје со итно потребна помош.

Палестинската Црвена полумесечина утринава соопшти дека еден ден претходно 47 камиони со хуманитарна помош успеале да преминат од Египет на граничниот премин Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Во камионите имало храна, вода, хуманитарна помош, лекови и медицинска опрема, соопшти Црвената полумесечина.

Горивото сè уште не пристигнало. Според Обединетите нации, најмалку 100 камиони се потребни секој ден за да се обезбедат основните потреби на повеќе од два милиони луѓе во Појасот Газа.

Американскиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд денеска изјави дека меѓу 800.000 и 1 милион луѓе се преселиле на југот на Појасот Газа, додека 350.000-400.000 остануваат на северот на енклавата. Говорејќи пред новинарите во јорданската престолнина Аман, тој рече дека нема регистрирани случаи на Хамас да спречи или конфискува помош.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп објави шокантно видео “Трамп Газа“

Катерина Ѓуровски

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња