Над 40 тони наркотици конфискувани пред мундијалот во Бразил

Од:

Над 40 тони наркотици се конфискувани во голема воена операција за засилување на безбедноста на границите на Бразил пред Светското фудбалско првенство, соопшти бразилската Влада.

Во владино соопштение, како што јави ИТАР-ТАСС, се наведува дека најголем дел од конфискуваната дрога е марихуана и кокаин.

Според Министерството за одбрана, ефикасноста на операцијата во текот на оваа година била повеќе од двојно повисока во однос на истиот период лани, кога Владата спроведе слична операција пред Светскиот куп на ФИФА.

Светското фудбалско првенство ќе се оддржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули.

Околу 30.00 војници, поддржани од хеликоптери, оклопни возила и брзи патролни бродови, на 11 мај беа испратени да го засилат обезбедувањето на границите. Бразил граничи со 10 латиноамерикански држави, а има вкупна граница од 17.000 километри. Војската под засилена контрола ги ставила прво населените места во реоните долж границите со Боливија, Парагвај, Перу и Колумбија. Локалните воени експерти сметаат дека од овие земји доаѓа главниот доток на наркотици и оружје.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски