Над 40 луѓе загинаа во бродската несреќа во Бангладеш

Од:

Најмалку 41 лице загинаа при потонување на траект во реката Падма. Меѓу загинатите 11 се деца.

Несреќата се случи откако траектот се судри со товарен брод и потона. Бангладешките власти најавија дека продолжува спасувачката операција.

Спасувачите извлекле 30 лица од реката Падма откако траектот се преврти и потона на шест метри длабочина.

Властите не го знаат точниот број на исчезнати лица бидејќи не се знае точно колку патници имало на траектот. Според патниците нивниот број се движел од 70 до 150.

Несреќата се случи на  на 70 километри северно од главниот град на Бангладеш, Дака.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници