Над 32.000 државни службеници протестираа денеска во Романија

Од:

Повеќе од 32.000 службеници во државната администрација од 36 округа во Романија денеска излегоа на протест со барања за зголемување на платите за 10 отсто и одобрување на ваучери за храна, изјави претседателот на Националната федерација на синдикатите во администрацијата, Валер Сучу.

Тој потврди дека барањата на синдикалците биле вклучени во предизборните ветувања на актуелната Влада, со кои таа победиле на изборите, но досега ги нема исполнето.

– Поминаа три години и ништо не направија. Сега имаме само минимални барања, а тоа се одобрување на ваучери за храна и зголемување на платите за 10 отсто за службениците во државната администрација, нагласи Сучу.

Синдикалниот лидер истакна дека доколку не бидат прифатени нивните барања на 27 мај во Букурешт ќе се одржи митинг, на кој се започне со собирање потписи за организирање штрајк во октомври, кој ќе трае се додека не се исполнат барањата на работниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он