Над 300 случаи на труење од синтетичка дрога во Полска

Од:

Стимуланс познат под името „Снагатор“, во изминатите неколку дена предизвика 317 случаи на труење и хоспитализирање на 214 лица во јужниот дел на Полска, јавија денеска локалните власти.

Од вкупно 33 лица, кои се задржани во болница, петмина се во тешка состојба, изјави портпаролката на Шлезиското војводство Катаржина Кучинска-Будка.

Полицијата уапси девет лица, вклучени во шверц на оваа синтетичка дрога, што предизвикува чувство на енергија и еуфорија. Тројца од нив остануваат во притвор.

Според полските медиуми дрогата во земјата влегла од Азија. Полицијата запленила неколку пакетчиња адресирани до наводниот организатор на мрежата, кој е на 20-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он