Над 30 загинати при бунтот во бразилски затвор

Од:

Најмалку 30 лица загинаа при судири во затворот „Алкасус“ во северната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Норте, соопшти претставник на полицијата.

– Веројатно има повеќе од 30 загинати во бунтот во затворот во североисточниот град Натал, соопшти претставник на локалните безбедносни власти.

Координаторот на бразилскиот затворски систем, Земилтон Силва во изјава за весникот „Фоља де Сао Паоло“ тврди дека најмалку тројца од загинатите биле обезглавени.

Според него, судирите започнале како пресметка меѓу припадници на две ривалски криминални групи, кои презеле контрола врз делови од затворот.

Во затворот „Алкасус“ казна отслужуваат 1.083 затвореници, иако неговиот капацитет е за само 620 лица.

Во 2015 година во овој затвор беше организиран бунт на затворениците во знак на протест поради пренатрупаност.

На 1 јануари годинава во бунт во затвор во бразилската сојузна држава Амазонас загинаа 56 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск