Најмалку 31 лица загина во нападот што се случи утрово на воен контролен пункт во оддалечениот северозападен дел на Пакистан, соопштија пакистански претставници.
За тој напад на контролниот пункт Лаки Марват одговорноста ја презедоа талибанците, кои истакнаа дека нападот е одговор на нападот на американски беспилотни летала во соседен Северен Вазиристан минатиот месец кога загинаа двајца талибански команданти.
Безбедносните сили соопштија дека најмалку 12 екстремисти и девет војници и цивили загинале во нападот, а телата на двајца екстремисти имале на себе бомбашки појас.