Најмалку 31 илегален имигрант, меѓу кои девет жени, се удавиле во близина на либиското крајбрежје при обид да влезат во Италија, изјавиле преживеани имигранти, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Мал брод со 53 имигранти претрпел бродолом, при што 31 лице загинале, а останатите 22 преживеани ги спасил трговски брод што ги пренел до италијанскиот остров Лампедуза.
Според изјавите на преживеаните имигранти нивниот брод потонал по три дена на море. Приживеаните се државјани на Нигерија, Гамбија, Бенин и Сенегал.