Повеќе од 3.000 луѓе се убиени во Иран од почетокот на конфликтот со САД и Израел, објавија денес локалните медиуми, повикувајќи се на шефот на Организацијата за судска медицина во земјата, Абас Масџеди Арани.
Американската новинска агенција за човекови права (HRANA) соопшти дека до 7 април биле убиени 1.701 цивили, вклучувајќи најмалку 254 деца, објави Би-Би-Си.
Исто така, се наведува дека имало 1.221 воени жртви и дополнителни 714 некласифицирани смртни случаи од почетокот на конфликтот.
Би-Би-Си додаде дека на новинските организации им е тешко да добијат информации од Иран, дека често им се одбиваат визи за Иран и дека има проблем и со интернетот.
