Над 290.000 луѓе загинаа досега во војната во Сирија

Од:

Во сирискиот конфликт, што трае пет години, досега загинаа над 290.000 луѓе. соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

– Од март 2011 година, кога почна судирот, до крајот на јули годинава во Сирија загинале вкупно 292.817 луѓе, се наведува во соопштението на Организацијата со седиште во Лондон.

Бројката е за околу 10.000 луѓе поголема во однос на претходно објавениот биланс на жртвите во војната во Сирија, што Опсерваторијата го објави на 26 мај.

Меѓу загинатите 84.472 се цивили, од кои 14.711 деца и 9.520 жени.

Во соопштението се наведува и дека во војната загинале 104.656 прорежимски борци, вклучително 57.909 војници и 1.306 милитанти на либанското шиитско движење Хезболах, 50.548 бунтовници и уште 49.547 џихадисти.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија