Раководителот на турската дирекција за вонредни ситуации и непогоди Фуат Октај изјави дека во моментов над 250 илјади сириски деца добиле азил во Турција.
Претставници на Дирекцијата разговарале со претставници на Обединетите нации за проблемите на сириските деца, кои се наоѓаат во Турција.
Специјално внимание е посветено на проблемите во врска со образованието, здравството, културните и социјалните потреби на сириските деца.
Поголемиот број од сириските деца се сместени во камповите со хангари изградени во Турција специјално за таа намена или во камповите со шатори во пограничните области.
Во кампот во Килис, покрај Газиантеп се отворени детска градинка и училници, во кои децата го продолжуваат своето образование.
Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) неодамна потпиша со турската Црвена полумесечина договор за соработа, со кој е предвидено обезбедување на хуманитарна помош за децата на Сирија, кои се жртви на граѓанската војна.
Според податоците на турските институции еден милион сириски деца се наоѓаат во моментов во различни земји во светот.