Над 200 судански војници од контингентот на арапската коалиција загинаа во ракетен напад во Јемен

Од:

Над 200 судански војници од контингентот на арапската коалиција загинаа во ракетен напад на воена база во јужен Јемен, извршен од движењето на шиитските бунтовници Хути, „Ансар Алах“, јави денеска телевизијата Ал Мајадин.

Според информациите на телевизијата Хутите истрелале балистичка ракета врз базата Ал Анад во провинцијата Лахиџ. Убиени се над 200 судански војници, кои се наоѓале таму, уништени се неколку оклопни возила и хеликоптери „Апачи“.

Воената команда на „Ансар Алах“ соопшти дека ракетата точно ја погодила саканата цел и нанела значителни штети на базата.

Арапската коалицијата засега не дала официјален коментар за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен