Над 200 лица загинаа во лавините, предизвикани од обилните снежни врнежи во неколку авганистански провинции.
Само во провинцијата Панџшир загинале 168 лица. Властите предупредуваат дека бројот на загинатите може да се зголеми.
Жртви има и во провинциите Бадахшан, Нуристан, Нангахар, Лагман и Бамиан.
Во авганистанскиот главен град Кабул снежните врнежи ја нарушија диструбуцијата на електрична енергија. Дотокот на струја е прекинат на неколку места поради урнати длановоди.