Канадската полиција денеска евакуираше над 200 лица од градчето Пјерфонд во провинцијата Квебек, откако локален жител на интернет објавил видео снимка со „загрижувачка содржина“, јави весникот „Прес“.
Според весникот, во врска со случајот полицијата привела две лица.
Полицијата преку проверка на ај-пи адресата ја лоцирала куќата од која е објавено видеото, по што е извршен претрес во неа.
„Прес“ наведува дека полицијата ја спровела акцијата затоа што видеото „предизвикало стравувања“ за можни терористички активности и подготовка на експлозивни направи.
Сепак, полицијата засега нема сигурни докази, дека овој инцидент е поврзан со планови за тероризам.