Над 200 цивили ранети во судири во Авганистан

Од:

Над 200 цивили се повредени во судири во северната авганистанска провинција Кундуз и се примени на лекување во меѓународен медицински центар, јави ДПА.

Ситуацијата во Кундуз се влоши откако пред три недели талибанците почнаа големи напади врз авганистански војници во реоните Имам Сахиб, Шар Дарах, Кала Зал и Алиабад.

Меѓу ранетите се и 51 жена и деца.Најголем дел од нив се ранети од куршуми или при бомбашки напади.

Портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Захир Азими соопшти дека за едно денониќие во антитерористичка операција ликвидирани се 138 талибански борци. Екстремистите притоа убиле 16 војници.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица