Над 20 загинати во тајфун на Филипини

Од:

Најмалку 20 луѓе загинаа во налетот на супертајфунот Раи на Флипините, утрово го соопшти локалната служба за итни случаи новиот биланс.

Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветерот на островот Сијарго достигна 195 километри на час.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната стража и противпожарната служба.

Тајфунот Раи вчера стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација, а во текот на ноќта продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам. Ветерот е ослабен и достигнува 155 километри на час.

Супертајфунот е силен циклон еднаков на ураган од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски