Над 2.300 лица загинаа во земјотресот во Непал

Од:

Според официјалните, но се уште неконечни податоци жртвите од земјотресот во Непал се искачи на 2.350 луѓе, соопшти непалското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на непалското МВР, Лаксми Дакал изјави дека е потврдена смртта на 2.352 луѓе.

Тој додаде дека се очекува бројот на жртвите да расте бидејќи десетици повредени лица се во тешка здравствена состојба.

Непал вчера беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван и во соседните земји, каде исто така има жртви.

Во главниот град Катманду загинаа 721 лице. Во земјотресот има најмалку пет илјади ранети.

Педесет и осум лица загинале во Индија, соопшти индиското Министерство за внатрешни работи.

Најмалку 17 лица загинаа во Тибет, а според информации на локалните власти 20 згради се разурнати во регионот. Силните снежни вржени ги попречуваат спасувачките операции.

Најмалку 6,6 милиони жители на Непал се погодени од земјотресот, кој е почувствуван и во околните држави, соопшти Мисијата на Обединетите нации за оценка и координација при несреќи во земјата.

Постојаниот претставник на мисијата Џејми Макголдрик изрази подготвеност експертите да и помогнат на непалската Влада и на настраданите во трагедијата, но додаде дека монсунскиот период, кој се наближува може да ги отежне спасувачките работи.

Авиони од военовоздухопловните сили на Индија доставија денеска во Катманду 43 тони хуманитарен товар, вклучувајќи шатори и прехранбени производи, а во Непал пристигнаа и околу 200 спасувачи, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи.

Вторичен потрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска на 78 километри источно од Катманду, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на длабочина од десет километри, а по него имало уште еден потрес со интензитет од пет степени и епицентар на 50 километри источно од Катманду, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on