Терористичката група Исламска држава егзекутирала над 2.000 луѓе во Мосул и околината откако џихадистите го зазедоа вториот по големина град во Ирак во јуни 2014 година, соопштија ирачки официјални претставници.
Претседателот на ирачкиот парламент Салим ал Џубури потврдува во соопштение за „егзекуцијата на над 2.000 цивили од страна на ИД“. Џихадистите контролираат голем дел од Ирак и делови во Сирија.