Над 190 е бројот на жртвите од бродоломот во Јужна Кореја

Од:

Бројот на жртвите од бродоломот на јужнокорејскиот ферибот е над 190, јавија јужнокорејски медиуми.

Спасувачките тимови успеаја да извлечат денеска тела на четири лица со што бројот на загинати е 193. За исчезнати се сметаат 109 луѓе.

Оперативниот штаб на Владата вчера соопшти дека спасувачките акции на местото на несреќата на фериботот се отежнати заради неповолни временски прилики.

Најголемиот патнички ферибот во Јужна Кореја со носивост од 6825 тони потона на 16 април крај југозападниот брег на Корејскиот полуостров. На бродот имаше 476 патници и членови на екипажот, од кои 325 ученици од јужнокорејскиот град Ансан. Спасени беа 174 луѓе меѓу кои и капетанот и голем дел од екипажот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски