Над 1,6 милиони нови вработувања на Филипините

Од:

Бројот на вработени Филипинци пораснал од 37 милиони во април минатата на 38,66 милиони вработени во април годинава. Тоа процентуално е најголем годишен пораст на бројот на вработените на Филипините, но како што денеска во Манила најави министерката за труд Розалинда Балдоз, оваа и наредната година треба да се очекуваат поголеми бројки.

Во филипинската економија, за која азиските финансиски експерти најавија дека во 2017 година ќе стане „азиско економско чудо’’ најмногу нови вработувања има во услужниот сектор. Тамо вработување добиле 920 илјади луѓе, а во индустријата имало 374.000 нови вработувања. Растечкиот земјоделски сектор за една година, до април 2014 има 352 илјади нови работници.

Пред неколку дена филипинската официјална статистика соопшти дека Филипините сега имаат 100 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати