Над 150 повредени во судири меѓу полицијата и наставници штрајкувачи во Бразил

Од:

Најмалку 150 лица се повредени, од кои 20 полицајци во судири меѓу полицијата и наставници штрајкувачи во бразилскиот град Куритиба, јавија локалните власти.

Полицијата употреби гумени куршуми, солзавец и шок бомби против штрајкувачите, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу зградата на Парламентот на сојузната држава Парана, каде се разговараше за намалување на пензиските планови на наставниците.

Градоначалникот на Куритиба Густаво Фрует настанот го оцени како „невидена војна и трагедија“, за што се одговорни силите на редот.

Властите на сојузната држава Парана изразија жалење поради конфронтацијата, од „агресијата и вандализмот“, пројавени од демонстранти, што не се поврзани со штрајкувачите. Властите објавија дека имало маскирани демонстранти, кои употребиле камења, бомби, палки и железни шипки, и се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да упаднат во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски