Над 15.000 луѓе излегоа на четвртиот ден протести во Романија

Од:

Околу 15.000 лица излегоа синоќа на протести во Букурешт и други големи романски градови во знак на протест против корумпираната според нив политичка елита, недела дена по пожарот во ноќен клуб во кој загинаа 32 лица, јави БТА. 

„Премногу корупција, премалку правда“ и „Корупцијата убива“, скандираа демонстрантите на четвртиот по ред ден протести, што во средата доведоа до оставка на владата на социјалдемократот Виктор Понта. 

Стотици лица учествуваа посебно во тивок марш во спомен на жртвите во пожарот. Тие запалија свеќи пред зградата во која се наоѓаше дискотеката во центарот на главниот град на Романија. 
Според очевидци и обвинители пожарот бил предизвикан од пиротехнички спектакл на хард рок концерт и серија крешења на безбедносните правила.
Шефовите на ноќниот клуб се во притвор за убиство од небрежност.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија