Над 140 лица повредени во железничка несреќа

Од:

Повеќе од 140 лица се повредени во судар на два патнички воза во градот Мескита, во бразилската држава Рио де Жанеиро.

До несреќата дошло вчера навечер, во 22.20 по средноевропско време, кога во еден од возовите кој стоел на станицата, удрил воз зад него на истиот колосек, соопшти шефот на сообраќајната служба на државата Рио де Жанеиро Карлос Осори, пренесува Танјуг.

Според извештаите, дел од патниците се полесно повредени и префрлени се во четири локални болници.

Регулатирната агенција Агетрансп спроведува истрага за причината на несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата