Најмалку 13 авганистански војници загинаа денеска при напад на група талибански бунтовници врз воен пункт во близина на границата на Авганистан со Пакистан.
Како што соопшти авганистанското Министерство за одбрана, инцидентот се случил во реонот на Дери во пограничната провинција Кунар.
Одговорност за нападот презедоа талибанските бунтовници, кои соопштија дека го зазеле веониот пункт.