Над 12 милиони семејства на Филипините живеат во сиромаштија

Од:

Најновото испитување на филипинскиот Институт за социјална политика, објавено денеска како ударна вест во сите  медиуми во оваа, од пред еден месец 100 милионска држава, покажа дека 12 милиони и 100 илјади филипински семејства живеат во сиромаштија. Тоа, според извештајот на институтот, значи дека околу 15 милиони деца до 16 години немаат редовни оброци, а 7,3 милиони деца до пет години се недоволно ухранети.

Извештајот за сиромаштијата, според аналитичарите, ќе го намали и рејтингот на сегашниот претседател Бенињо Акино, кој пред четити години убедливо победи на изборите најмногу благодарејќи на неговиот проект за елиминирање на сиромаштијата на Филипините. Во првата реакција од претседателската палата Малакањанг портпаролот на Акино изјави дека бројките за сиромаштијата се изненадувачки, бидејки според  економскиот раст на Филипините би требало да се очекуваат поинакви резултати.

Стапката на сиромашттија на Филипините, според Едвин Лациерда, портпарол на претседателот Акино, била намалена за 3 посто во однос на септември 2.013 година, но ќе се направеле дополнителни програми со кои државата ќе ја ублажува сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони