Над 100.000 барања за азил во ЕУ во вториот квартал на 2013

Од:

Во вториот квартал од оваа година во земјите-членки на ЕУ биле поднесени над 100 илјади барања за азил, што претставува зголемување од 50 проценти на годишно ниво, објави денеска Европската статистичка служба „Евростат“.


Најголем број апликации за азил поднеле граѓани на Русија, Сирија и Косово.


Најмногу барања се поднесени во Германија (26.400), а потоа следуваат Франција (16.424), Унгарија и Велика Британија (по околу 9.000) и Италија (околу 6.000 барања).


Најголем број барања за азил во ЕУ во второто тримесечје на годинава поднеле државјани на Русија (16.845), Сирија (8.310), Косово (8.140), Авганистан и Пакистан (по околу 6.000) и Сомалија (4.285).

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО