Над 10 илјади бегалци ќе станат чираци во Германија

Од:

Германската Влада заедно со бизнис секторот иницира проект со кој на 10,000 бегалци ќе им биде понудена обука за помошни работници на реални работни места во најсилната европска економија, која се соочува со ниско ниво на невработеност.

Министерството за економија на Германија и Националната конфедерација на занаети во заедничка изјава најавија отворање на 10 илјади места за чираци меѓу април 2016 и април 2018 година.

Кандидатите треба да се најмалку на 25-годишна возраст и да имаат реални шанси да добијат азил, што значи да доаѓаат од некоја земја каде што има воен конфликт.

Иницијативата поддржана од Федералната агенција за вработување ќе понуди јазичен тренинг и иницијални квалификации, како и краткорочно работно искуство во реалниот сектор.

Селекцијата ќе направи прелиминарна селекција на кандидатите врз основа на нивните квалификации и искуство и ќе помага во текот на програмата, најави шефот на федералната агенција за вработување Франк Вајзе.

Германија минатата година прими околу 1,1 милиони бегалци од кои половината се помлади од 25 години. Во Германија во моментов има 40 илјади места за помошни работници, кои не можат да бидат пополнети поради слаб интерес.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ