Над 1.100 жртви во Шпанија поради жештините

Од:

Смртните случаи на 1.149 лица во Шпанија може да се припишат на неодамна завршениот 16-дневен бран на грип, проценува Институтот за истражување на јавното здравје Карлос Трети“.

Системот „MoMo“ (Мониторинг на смртноста) на Институтот секојдневно го анализира бројот на смртни случаи во Шпанија и го пресметува отстапувањето од очекуваната стапка на смртност врз основа на евидентираните податоци од претходните години.

Системот вклучува надворешни фактори што можат да го објаснат отстапувањето, особено температурите објавени од Националната метеоролошка агенција (Aemet).

Системот не може да ја утврди апсолутната каузалност на смртните случаи и метеоролошките услови, но овие статистики претставуваат најдобра проценка за бројот на смртни случаи за кои жештината е одлучувачки фактор.

Веќе во јули, „MoMo“ припиша околу 1.060 смртни случаи на топлотниот бран, што претставува зголемување од 50% во споредба со јули 2024 година.

Би можело да ве интересира

Шумски пожари во Шпанија, полицијата ги евакуира жителите

Три жртви во пожарите во Шпанија, евакуации низ целата земја

(ВИДЕО) Иберискиот Полуостров во пламен: Температури до 44 степени, пожарите зафатија села

(ВИДЕО) Голем пожар во Андалузија: Се евакуираат туристи и локални жители

Двајца загинати, шест повредени во пожар во Шпанија

Земјотрес во Шпанија предизвика уривање на покрив на аеродром

Горан Наумовски