Над 1.000 италијански мафијаши се активни во Германија, членови се на Ндрангета, Камора, Коза Ностра…

Од:

Над 1.000 членови на една од италијанските организирани криминални организации моментално се активни во Германија, соопшти германското МВР.

„Врз основа на податоците на федералните и покраинските министерства за внатрешни работи, доаѓаме до заклучок дека 1.003 активни членови на една од италијанските организирани криминални организации моментално живеат во Германија“, се вели во соопштението за печатот на Министерството за внатрешни работи, одговарајќи на прашање од пратеничката група на Зелените во Бундестагот.

Од 1.003 членови на мафијата во Германија, 519 припаѓаат на калабриската Ндрангета, 134 на сицилијанската Коза Ностра и 118 на неаполската Камора.

Покрај овие познати гранки на мафијата, во Германија се активни 33 членови на Стида, сицилијанска група и 37 членови на криминална организација од провинцијата Апулија, додека, како што се наведува, 162 членови на мафијата не можат да се класифицираат во која било од подгрупите.

Според соопштението, покрај трговијата со дрога, мафијата е најактивна во гастрономијата и продажбата на храна, како и во трговијата со автомобили, а кривичните дела се однесуваат на даночно затајување, перење пари и злоупотреба на стимулативни средства.

Претставникот на Партијата на зелените во комисијата за внатрешна политика на Бундестагот, Марсел Емерих, изјави дека Германија, поради се уште големото присуство на готовина во деловниот свет, е погодна за перење пари.

„Германија е перална на пари во Европа“, рече Емерих.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина