Началничка од израелското Министерство за здравство загрижена за ситуацијата со Ковид-19 во земјата поднесе оставка

Од:

Началничката на здравствените служби во Министерството за здравство на Израел, професорката Сигал Садецки денеска поднесе оставка поради несоодветниот одговор на земјата кон вториот бран на Ковид-19. Таа предупреди дека Израел „оди кон пропаст“ поради наглиот скок на бројот на заразени со вирусот.

Садецки оцени дека Израел го поништил успехот постигнат за време на првиот бран на пандемијата, затоа што премногу рано дозволи олеснуваер на мерките од смртоносната пандемија. Таа на Фејсбук објави дека одговорот на првичното ширење на инфекцијата бил професионален и етички и дека потоа доцна се реагирало, а сега пристапот кон кризата е „хаотичен и неефикасен“.

„Поминаа неколку недели откако Израел го загуби компасот во управувањето со пандемијата“, напиша таа на фејсбук и дополни дека веќе не е во можност да му помогне на Министерството за здравство ефикасно да одговори на ширењето на вирусот.

Министерството за здравство потврди денеска дека бројот на заразени лица се зголеми за 1.057 за еден ден и дека активни се 12.717 случаи, вклучително и 36 лица се префрлени на респиратор. Во Израел досега има 31.146 потврдени случаи на коронавирус, а 338 пациенти починаа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ