Набљудувачи на ОН констатираат алармантно влошување на човековите права во Украина

Од:

Набљудувачи на ОН во Украина утврдиле алармантно влошување на состојбата на човековите права во земјата и појавата на сериозни проблеми на Крим, изјави денеска Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај.

Во изјавата, таа вели дека „оние кои имаат влијание врз вооружените групи, одговорни за поголем дел од насилството во Источна Украина, треба да направат се што е можно да ги запрат тие луѓе да не ја расцепуваат земјата на делови“.

Таа додаде дека набљудувачите на ОН се обидуваат да ги проверат наводите за убиства и повредени луѓе, извршени од украинските владини сили. Освен тоа, набљудувачи стравуваат за безбедноста на кандидатите на претседателските избори на 25 мај, рече Пилај.

Во извештајот се набројуваат „конкретни примери на убиства, мачења, киднапирања, малтретирања и некои случаи на сексуални напади, извршувани од добро организирани и вооружени антивладини групи во источниот дел на земјата“.

Во документот се осудува исто така „малтретирањето“ и „прогонувањето“ на кримските татари на Крим.

Во периодот од 2 април до 6 мај во Украина исчезнале 83 лица, вклучувајќи четири жени, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности