Набљудувачи на ОБСЕ распоредени во руската Ростовска област на границата со Украина

Од:

Четворица набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) веќе работат во руската Ростовска област, соопшти денеска шефот на Мисијата на оваа организација во регионот Пол Пикар.

– Ја формиравме првата група, која е подготвена да почне со работа. Сите нас не очекува доста работа. Четворицата наши набљудувачи веќе работат. Тука работам јас како главен набљудувач и има уште три лица од административниот персонал. Во најскоро време на групата ќе и се приклучат нови набљудувачи, изјави Пикар.

Задача на Мисијата ќе биде мониторинг на активностите на граничните премини „Гуково“ и „Доњецк“, додаде тој.

ИТАР-ТАСС јави дека во Ростовската обаст вчера пристигна првата група набљудувачи на ОБСЕ, кои ќе работат во реоните долж границата со Украина. Во овој регион ќе пристигнат вкупно 13 пратеници на ОБСЕ од осум држави – Франција, Велика Британија, Унгарија, Молдавија, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Украина.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот