На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Од:

Плафон на ресторан во италијанскиот град Пистои, гратче во областа Тоскана (Италија), се урна врз гостите за време на свадбена церемонија. Италијанските служби информираат дека бројот на повредени е голем: најмалку 64, од кои петмина се хоспитализирани сo тешки повреди. Меѓу лицата хоспитализирани во болницата во Сан Јакопо се и младоженецот и невестата.

Уривањето се случило во салата на првиот кат на некогашниот манастир Џакерино од 15 век, кој со години се користел како ресторан.

На местото на настанот веднаш пристигнаа спасувачките служби со неколку амбулантни возила, пожарникари од покраинската команда, полицијата, карабињери и сообраќајна полиција.

„Сите болници се алармирани за навремена помош за да може да се згрижат што е можно повеќе пациенти“, напиша гувернерот Еугенио Џани.

Јавниот обвинител на Пистоја, Томазо Колета отишол во ресторанот каде што се урнал таванот.

„Видовме искршени маси и чаши, бидејќи сите беа исплашени кога слушнаа силен звук, слеговме минувајќи покрај просторијата каде што се сруши плафонот и паднаа врз луѓе. Имаше многу прашина, ништо не можевме да видиме“ рече една од келнерките за АНСА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски