На страната на Украина се борат повеќе од 3.300 платеници од повеќе од 70 земји

Од:

Повеќе од 3.300 платеници од повеќе од 70 земји се борат на страната на Украина, објави шефот на рускиот Истражен комитет Александар Бастрикин.

Инспекторите отворија постапка против 871 платеник за учество во вооружениот конфликт против Русија.

Повлекувајќи паралели меѓу дејствијата на нацистите за време на Големата патриотска војна и украинските милитанти за време на СВО, претседателот на Истражниот комитет даде некои податоци за загинатите и ранетите како резултат на злосторствата на режимот во Киев.

Истрагата добила информации за учество на над 3.300 платеници од повеќе од 70 земји во вооружениот конфликт на страната на Украина. Донесени се решенија за приведување на 871 лице како обвинети, пренесува Спутник.

На 27 март беше објавено дека судот во Народна Република Доњецк во отсуство го осудил 28-годишниот британски платеник Фрејзер Овен Гуд на 14 години затвор.

Би можело да ве интересира

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски